ВЛЕЗНИЦИ

/ SUPER EARLY BIRD /

цела програма за цел фестивал

1500 ден.

*Цените важат само за првиот бран РАН КОРМОРАН од 300 билети.

3 ДЕНА ФЕСТИВАЛ

28 - 30 ЈУНИ 2024

/ SUPER EARLY BIRD /

цела програма за цел фестивал + КАМП место

1600 ден.

*Цените важат само за првиот бран РАН КОРМОРАН од 300 билети.

3 ДЕНА ФЕСТИВАЛ

28 - 30 ЈУНИ 2024

/ ЕДНОДНЕВЕН БИЛЕТ /

700 ден.

Петок, 28 Јуни, 2024

цела програма за еден ден

/ ЕДНОДНЕВЕН БИЛЕТ /

700 ден.

Сабота, 29 Јуни, 2024

цела програма за еден ден

/ ЕДНОДНЕВЕН БИЛЕТ /

700 ден.

Недела, 30 Јуни, 2024

цела програма за еден ден

ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ

Скопје - Дојран - Скопје

ПРОДАЖНИ МЕСТА

СКОПЈЕ

  • LITERATURA.MK – EAST GATE MALL
  • LITERATURA.MK – VERO JUMBO
  • LITERATURA.MK – ГТЦ ПРИЗЕМЈЕ
  • LITERATURA.MK – Ул. Македонија
  • LITERATURA.MK – RAMSTORE MALL
  • LITERATURA.MK – ТЦ БУЊАКОВЕЦ
  • LITERATURA.MK – SKOPJE CITY MALL
  • ЈУГОТОН – ГТЦ 1 кат

 

ВЕЛЕС

  • УНИСОН – Благој Ѓорев 9

 

РАДОВИШ

  • HALKIDIKI TRAVEL- Партизанска бр. 43

 

ПРИЛЕП

  • T.A. БРАН – Пере Тошев 75

СТРУМИЦА

  • ТА САФАРИ – ул. Благој Јанков Мучето бр. 2
  • LITERATURA.MK – Благој Јанков Мучето бр. 4

 

КУМАНОВО

  • Кафе Бар АГОРА – T.Ц. Гарнизон

 

МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

  • CLIFF OF MOHER PUB – Маршал Тито

 

БИТОЛА

  • TOBACCO BROTHERS – Широк Сокак
  • LITERATURA.MK 2 – Широк Сокак 40

ГОСТИВАР

  • TOBACCO BNB – ул ЈНА бр.1
  • ВОНА ПЕТ – ул. Живко Брајковски 15

 

ТЕТОВО

  • ГРАНД ТОБАКО – Ул. 29 Ноември бр.107 лок бр.2
  • ТОБАКО МОНАКО – ул. Илинденска 176

 

ОХРИД

  • TA ВИС ПОЈ – Бул. Македонски Просветители бр.1

 

ПРИШТИНА

ВЛЕЗНИЦИ

Фестивалските билети со камп место и без камп место, за овогодинешното издание на Д фестивал се достапни на МкТикетс по цена од 1200 и 1300 денари (*Цените важат само за првиот бран РАН КОРМОРАН од 300 билети). Ве молиме следете нè на социјалните мрежи за најновите информации околу промената на цените.

Тридневните билети овозможуваат пристап до сите бини и целата останата програма на фестивалот.

Фестивалски билети со камп место овозможуваат пристап до сите бини и целата останата програма на фестивалот, како и влез во зоната предвидена за кампување.

Еднодневните билети за Д фестивал се во продажба исклучиво на МкТикетс и на самите билетарници на фестивалот.

Едноднeвните билети овозможуваат присуство до сите бини и целата останата програма на фестивалот за назначениот ден и важат од 10 часот наутро до 05 часот следното утро. Еднoднeвните билети не овозможуваат влез во зоната предвидена за кампување.

Организаторот го задржува правото да ги промени цените на билетите во кое било време.

Ве замолуваме да купувате билети само од офицјалните продажни места наведени во продажната мрежа на МкTикетс.

Доколку билетите сте ги набавиле преку интернет, Ве замолуваме да го испечатите Вашиот PDF ваучер пред да пристигнете на влезот на фестивалот. Уникатниот бар код на билетот важи само за една проверка и овозможува замена за само една фестивалска нараквица.

Доколку по купувањето на билетот не добиете повратен одговор со PDF ваучер од info@karti.com.mk во наредните неколку часа, Ве замолуваме да го проверите делот за промоции и спам на Вашата електронска пошта или да нè контактирате на kliment@password.mk или info@karti.com.mk.

Влез на фестивалот е единствено возможен со приложување валиден баркод, фискалните сметки од остварената продажба нема да бидат земени во предвид.

Доколку сте го загубиле Вашиот PDF ваучер во Вашата е-пошта после купувањето, може да испратите барање со Вашите информации на info@karti.com.mk или kliment@password.mk најдоцна до 25.06.2023 за повторно издавање на PDF ваучер. Барањата после наведениот термин нема да бидат земени во предвид.

Ве замолуваме да ги чувате вашите билети и PDF ваучери на безбедно и приватно место, внимавајте тие да не бидат прекопирани или споделени со други луѓе!

Важни информации за купувачите на билети:

Фестивалските билети ќе се заменуваат за фестиваслки нараквици во канцелариите на туристичкото биро/билетарница и на билетарницата пред главната сцена. Не ги кинете, сечете или на каков било друг начин оштетувате фестивалските нараквици. Доколку фестивалската нараквица е оштетена, таа повеќе не е валидна.

Рефундација на билетите е возможна само доколку дојде до откажување на целиот фестивал, а доколку фестивалот не е откажан поради виша сила. Во случај ако фестивалот не е откажан поради виша сила, организаторот навремено ќе објави начин и рок за поврат на средства.

ВНИМАНИЕ: Купувајте билети само од официјалните продажни места, доколку баркодот на вашиот билет не е валиден нема да може да присуствувате на фестивалот.

Фестивалските правила, како и правилата за кампување, важат подеднакво за сите посетители на фестивалот.