ТАНТЕ

1. Што е платежна картичка?
Платежната картичка Танте (Tante) е официјално платежно средство на Д Фестивал и само со неа ќе може да се платат пијалоци, храна и сувенири.
* Картичката не е наменета за плаќање на ПОС терминали и подигнување готовина од банкомати.

2. Како се плаќа на фестивалот и каде?
Плаќањето за пијалоци, храна и сувенири се врши само преку Танте платежни картички.
Во самиот камп и на паркингот каде е поставена главната бина, ќе има пунктови за продажба на картичка на која ќе можете да ставите количина на средства колку сакате.
Кога ќе купувате, доволно е само да ја потпрете картичката на обележаното место, а износот за количината на пијалоци, храна или сувенири кои ги купувате автоматски ќе се намали од картичката!

3. Каде можам да добијам картичка и колку чини?
Платежните картички се достапни на сите места означени со зборот КУПИ КАРТИЧКА во фестивалската зона. Картичката чини – 30 денари и тие се неповратни, а потоа можете да ја дополните картичката со денари во износ по ваш избор и со истите да купувате на секој продажен пункт во рамки на фестивалот.

4. Како можам да го проверам салдото на картичката?
Во секое време можете лесно да го проверите статусот со приближување на фестивалската картичка на читачите кои ќе бидат поставени на секое продажно место.

5. Колку пари можам да уплатам на картичката?
Картичката се надополнува со кредит во саканиот износ, а максималниот износ е 3000 денари за едно плаќање.

6. Што треба да направам ако ја изгубам мојата картичка?
Во таков случај, за жал ќе мора да си купите нова картичка.

7. Што доколку ми останат средства кои нема да успеам да ги потрошам за време на фестивалот?
Средствата кои по Д Фестивал ќе останат на Вашата Танте картичка ќе можете да ги искористите на било кој од следните настани на Пасворд Продукција во тек на цела 2023 година. Имено, Танте е официјална платежна картичка за сите настани на Пасворд Продукција, меѓу кои, покрај Д Фестивал се и Пин Конференција, Таксират, итн.

Facebook
Twitter
WhatsApp
Email
Print