ДОУП КУЌАТА
Доуп Куќата е бој-бенд од неколку индивудуа и двајца емсиња кои се нашле во правото време на правото место.
Зад себе имаат оставено околу 10 албуми, неколку лоши девојки и песна со Тупак. За Нова година сите колективно посакаа да настапуваат на Евровизија, затоа Дедо Мраз им поклони талент за заедно да ја направат совршената ХИТ песна.
Бендот датира од 2017-та година. Нивното колективно деби е во 2018-та година, издавајќи го првиот хип-хоп футуристичен албум со наслов 3018. Две години подоцна (2020), за време на Корона, го издаваат својот втор колективен албум – овој пат компилација продуцирана од Лукас Поматски со наслов Сам Дома. Година покасно (2021) и Сам Дома – компилативен албум продуциран од Басмин. Нивниот најнов албум е излезен на 8-ми Октомври оваа година и е насловен SUPERGRUB BOiBAND.