DJ Nasty

Nasty е DJ, член на Sure Shotz, активен на сцената од 2013та година. Во својата кариера постојано настапува низ целата територија на Македонија, во различни клубови, настани и фестивали, а како најзначајни настапи ги издвојува SHAKE караванот во 2021 година, ТDFU на Оревче, Freedom Festival во Кочани, Summer Beach Festival во Штип и други. Се претставува на сцената со клубски хип-хоп, аренби, afrobeat и класици, со акцент на wordplay, toneplay и turntablism рутини. Истовремено креира микстејпи (Fresh&tasty, АФРОШМЕК, Freshness bangz) и кратки видео рутини (rhythm&tones) кои ги пласира на својот инстаграм профил.