Дина Јашари

Дина Јашари   е   дефинитивно   најголемото   освежување   на   новата македонска музичка сцена. Извонредниот пристап кон пишувањето песни, прекрасните сонливи аранжмани, емотивни лирики, современа, модерна и свежа продукција и секако, хипнотизирачките настапи во живо со полно право ја ставаат Дина на пиедесталот на новата локална музичка сцена. Минатата  година,  покрај  бројните  настапи,  го  издаде  своето  прво EP насловено   „Дома“   кое   ја   зацврсти   на   мапата   како   една   од најталентираните млади артистки на Балканот.

Mosquito Stage