DIMISH

Dimish е артист кој сам ја смислува, снима и продуцира својата музика, со која сака да им помогне на луѓето во нивните тешки денови. Инспирацијата за да твори и пишува му доаѓа од тоа што го гледа, чувствува и доживува во секојдневниот живот, но и она што им се случува на другите, односно приказната на другите луѓе ја прикажува во неговите песни, низ негови очи. Неговите песни звучат брзо, моќно и мелодично.

Овој соло проект започна во 2019, а досега има настапувано многу пати во живо и има доволно музика за да може секој да слуша тоа што му одговара. Неговите настапи се енергични и песните звучат моќно благодарение на Лука, Аце и Захар (неговиот бенд).