DAIKAIJU
„Ова е она што треба да знаете за Daikaiju: Тие се гласни. Сите нивни музички парчиња се инструментални (се разбира). И тие се бендот што треба да го видите ако сакате да искусите сурф-рок во најнавредливиот облик“. – Кели Вајдман, „The Informer“
Daikaiju е мистериозно чудовиште на звук и слика што првпат беше забележано во зимата, 1999 година. Битија на звучен хаос, Daikaiju го зема звукот на морските бранови и врескањето на атомски гуштери и го претвора во рок кој предизвикува шок и трепет кај сите кои ќе ги искусат нивните настапи – високо интерактивен и конфронтирачки настап што буквално ги вовлекува посетителите во масовен вртлог на звук. Скриени зад маски, оваа група на таинствени луѓе создаваат мутантски стил на епска, високоенергетска инструментална рок музика која без проблем вклучува различни музички стилови како сурф, панк, noise, метал, психоделичен и прогресивен рок.
Како што кажува и нивното име, музиката на Daikaiju е големо, мистериозно чудовиште. Привлечна мелодија, силен риф и променлива динамика кои се спојуваат за да создадат музика која го предизвикува слушателот да ја открие тајната историја на вселената – фантастична реалност на супер-битија која се разоткрива како саундтрек на најдобриот филм со чудовишта што никогаш не бил направен.
Во почетокот на 21 век, Daikaiju стекна значителна популарност преку постојаните турнеи за нивното ЕР “Monster Surf”. Тие ги проширија своите настапи низ САД, Холандија и Европа. Нивното второ ЕР, “The Phasing Spider Menace”, освои нови фанови преку онлајн емитување и подкасти. Daikaiju беше претставен во САД и европски музички компилации и во видео продукции. Во 2005 година, нивниот истоимен деби албум доби одлични критики. Вториот албум, “Phase 2”, постигна критички успех и предизвика обемна турнеја. Во 2013 година, тие имаа турнеја во Кина, Јужна Кореја и Јапонија. Нивните настапи во живо се легендарни. На 21 февруари 2023 година тие го издадоа својот трет албум, “Phase 3”, и сега ги прошируваат своите концерти на нови територии.

Mosquito Stage