DadoK & Mamli

Македонското електронско дуо DadoK & Mamli е спојка на двајца пријатели со иста пасија за електронска музика. Од 2017 година, до ден денес, Александар Младеновиќ и Давид Крстевски го делат истиот музички вкус. Сетовите на нивните настапи, жанровски опфаќаат прецизна селекција на прогресив хаус, афро хаус и мелодично техно. Во изминатите години, диџеј кабината ја имаат делено со артисти како Adriatique, Magdalena, Roy Rosenfield, Marko Nastic, Space Motion итн.   Имаат настапувано на повеќе фестивали и настани низ Македонија каде се промовира модерна електронска музика.

Mamli се запознава со електронска музика во 2005 година, каде започнува да истражува и проучува музичка продукција. Како транс артист, првото издание го издава во 2009 година под псевдонимот Asterion за “PSY Moon records” од Србија. Од 2011 година го менува стилот и започнува длабоко да влегува во прогресив хаус и мелодично техно. Во Мај 2021 постигнува голем успех со изданието “Ethnic SAZ”, за Blindfold Recordings, во друштво со Baime, Mia Mendi, Several Definitions. Изданието стигна до фолдерите на Hernan Cattaneo, кое го врти на стрим на Beatport, за 60тиот роденден на Denny Tenaglia.  Добива поддршка и од Kadosh, Animal Trainer, Avidus, Luke Garcia, Djuma Soundsystem, Lonya итн.

Dado K ја започнува својата кариера во 2011 година со првиот официјален настап во кумановскиот андерграунд бар “Wire”. Првиот жанр со кој ја почнува кариерата е electro industrial techno, кој подоцна го менува во Melodic Techno и Afro House, со кој се издигна на македонската електронска сцена.