COEUS

Српскиот уметник Coeus, без сомнение е еден од највозбудливите артисти во подем во електронската музика. Тој својата популарност ја издигна на експоненцијално ниво и продолжува да расте со изданија на некои од најпознатите светски дигитални етикети, и продолжува да чекори напред со неговиот суров и дефиниран соничен потпис.

Познат по својот богат пристап кон продукцијата на музика, која ја потопува со длабоки и интризични мелодиски структури, Coeus го изгради својот рефиниран акустичен идентитет, кој ја доби поддршката на некои од најголемите имена во бизнисот.

Неговото творешто го има најдено своето место на многу од најпочитуваните лејбели во глобалната електронска денс музика. Изданијата на Afterlife, Atlant, Oddity и многу други му обезбедија пригодна платформа за да го сподели своето музичко визионерство со светот, кое е добро прифатено од љубителите на електронската музика низ светот. Редовната поддршка од Tale of Us, Solomun, Adriatique, Ame, Dixon, Innellea, Eelke Kleijn, Kevin De Vries и Fideles, меѓу другите – е доказ за квалитетот и идниот потенцијал на неговата работа.

Надвор од студиото, Coeus ја има маѓепсано публиката со низа незаборавни настапи. Редовно настапува на клубски и фестивалски сцени низ светот, безпрекорно го има пренесено она што се обидува да го постигне преку својата продукциска работа. Преку овој пристап го видовме настапувајќи заедно со некои од најголемите имиња во индустријата, со што 2022-та година ја потпиша како неговата најзафатена досега.

Со својот неуморен пристап да ја раскаже секоја глава од приказната на Coeus, тој продолжува да го засилува резонирачкиот акорд во светот на електронската музика преку безпрекорна уметничка перцепција и емотивна поврзаност со звукот.