CHARLEY
DJ CHARLEY или Empathy Master ги бележи неговите почетоци уште во далечната 1990 година. Основач и организарот е на Боб Марли ден во Скопје веќе 20 години. Неговиот избор на музика е доста сестран – фанк, брејкс, џез, соул, р’н’б, реге, латин џез, диско, афробит, ска, свинг, блуз, рок… Има настапувано насекаде низ Македонија и низ Балканот, а има гостувано и низ европските сцени како Италија, Шпанија, Холандија, Шведска, Германија, Романија, Полска итн.
