ЧПП

1. Кога и како ќе се одржи Д-Фестивал 2022?
– Во 2022 го организираме најголемото издание досега. Д-Фестивал ќе се одржи од 1 до 3 Јули на старата добро позната локација во Дојран.
Д-Фестивал и Дојран се спремни да ја пречекаат највеселата и најпозитивна Д-публика во најголем број досега.
2. Дали оваа година ќе има фестивалски камп простор?
ДА! И не само тоа, нашиот омилен камперски простор има нов лик. Оваа година нашиот камп ќе го затекнете целосно реновиран и модерен. Општина Дојран се погрижи паркот да биде прекрасно место за посета во текот на целата година, а особено за време на нашиот фестивал. Паркот е омиленото еко-катче на мештаните, а сите ние заедно сме одговорни тоа да остане така за време и по завршување на фестивалот.
3. Какви се условите во кампот?
– Фестивалскиот камп ќе биде опремен со штандови со храна и пијалоци, тушеви, тоалети, chill-out зони, зони за полнење мобилни и Free Wi-Fi, Прва помош / Црвен крст екипи.
Посетителите на кампот ќе имаат можност да уживаат во програмите на три бини, да бидат дел од различни работилници, дискусии, базари, друштвени игри..
4. Дали имате препорака за друг вид сместување?
Во Дојран постојат и официјални туристички авто-камп места, хотели, приватни изнајмувачи кои ве охрабруваме да ги проверите, а исто така апелираме да ги посетите и запознаете прекрасните домаќини кои ги изнајмуваат своите сместувачки капацитети. Заедно со евент индустријата, туризмот е една од гранките кои се најпогодените од здравствената криза. Дојран е познат како најдобриот домаќин за секој добронамерен гостин.
5. Дали ќе има организиран превоз до Дојран?
– Организиран превоз до Дојран ќе има, повеќе информации ќе бидат достапни наскоро.
6. Колку чини билетот и каде можам да го набавам?
– Фестивалските билети веќе се достапни онлајн и на сите места во продажната мрежа на MkTickets, а сите информации за продажбата се објавени тука.
Првиот бран на билети наречен Ран Корморан е веќе во продажба по цена од 850 денари за целосно фестивалско искуство (фестивал + камп).
7. Кои артисти ќе настапат?
– Секоја година, се трудиме да составиме програма која ќе задоволи сечиј вкус. Така и оваа, започнуваме со забрзано објавување на артистите.
8. Какви ќе бидат цените за време на Д Фестивал?
Д фестивал е познат по најпристојните и најпристапните цени, од билети до пијачки. Тоа ќе го задржиме и годинава, нудејќи цени исти како оние во вашите омилени трафики и продавници.
9. Како да ја променам влезницата со фестивалска алка?
При пристигнување на фестивалот, секој посетител треба да ја замени својата влезница со фестивалска алка во канцелариите на Туристичкото биро Дојран (https://goo.gl/maps/zpxUUSEeSeGhYC6c6).
Со фестивалската алка ќе се овозможи избегнување на гужва за време на настаните и ќе имате непречен влез во фестивалскиот простор.
10. Дали ќе може да излезам и повторно да се вратам во фестивалскиот простор?
– Сите кои ќе го заменат својот фестивалски билет за алка, ќе може непречено да влегуваат и излегуваат од Фестивалот.
Доколку имате купено еднодневен билет, нема да биде овозможено повторно влегување во фестивалскиот простор доколку го напуштите.
11. До колку работат штандовите во кампот?
– Оваа година, во фестивалскиот камп ќе има штанд што е отворен нон стоп!
12. Дали фестивалот има програма за родители со мали деца?
– Д-Фестивал воведе нова програма наречена Family Day каде на последниот ден од фестивалот (недела – 3 Јули) ќе имаме дневна програма каде за момент сите ќе се вратиме во светот на децата.
13. Дали ќе има медицински персонал на фестивалот?
– На секој наш фестивал секогаш е присутна екипата на Брза помош и Црвениот Крст.
14. Какви мерки ќе бидат преземени со цел заштита на публиката од корона вирусот?
– Ние сме оптимисти и веруваме дека со одговорно однесување конечно ја надминуваме кризата и ќе имаме можност слободно и непречено да се забавуваме на Д-Фестивал.
Секако, продолжуваме да ги почитуваме препораките од надлежните институции и ќе обезбедиме соодветни услови со цел заштита на јавното здравје.
15. Кога ќе се отвори кампот на фестивалот?
– Ден пред официјалниот почеток на фестивалот кампот ќе биде отворен за посетители (30 Јуни).
16. Дали ќе биде дозволено да се внесе храна и вода во фестивалскиот камп?
Во фестивалскиот камп ќе биде дозволено внесување на ПРАЗНИ пластични шишиња и храна и пијалоци купени во рамките на фестивалот.
Нема да биде дозволено внесување на стаклени шишиња, шишња полни со течност, алкохол..
17. Kога ќе излезе целосна програма / најавите нови артисти?
Следете ги нашите социјални мрежи каде што ќе се објавуваат нови информации постојано.
18. Какво ќе биде времето?
Нашите разузнавачки извори велат дека времето ќе биде идеално за журка целиот фестивал.
19. Што е забрането на Д Фестивал?
Забранет е говор на омраза, забрането е носење ладно или топло оружје, инструменти ( вилушки, ножеви за било каква употреба), било какви распрскувачки материјали…
20. Што е дозволено на Д Фестивал
Секогаш е дозволено да најдеш нов пријател, девојка, омилен бенд, да споделиш убава енергија, љубов, мисла, да учествуваш со своја креација, инсталација, знаме кое има симболи на заедништво, толеранција, смееш да се забавуваш, смееш и заминаш дома само со позитивни спомени.