Bon Praskiza & Sexy Marsa

Дуото познато по траката Marsupilami Flow, врвната хемија и енергичните настапи во живо доаѓа повторно на D Fest, во едно ново, хип-хоп министерско издание!

Bon Praskiza познат како Kico Praskata или 047 Chief Kico е еден од најзначајните артисти од новата генерација во Македонија, пионер на новиот звук и главен креатор на lingo-то широко популарно на сцената и кај младите денес. Како дел од MVRSVR и најблизок соработник на TDFU, неговото влијание врз македонскиот трап е огромно, а позади своето име има повеќе микстејпи и проекти, како и синглови под различните псевдоними. 

Sexy Marsa е Тафтоначалник, Avenger, фиљантроп и господин човек. Како витален дел на трап сцената уште од самиот почеток на TRAP DA FUCK UP, тој е секогаш во директен контакт со артистите, продуцентите и поддржувачите на трап настани, а неговата музика е препознатлива по тоа што е исполнета со доста референци и можеби ти се допаѓа или можеби треба да и дадеш уште една шанса. Досега има издадено едно EP (Marsupilami EP), една компилација и голем број синглови и соработки. За пролетта 2022 година го најави новиот микстејп MAR5, синглот Хип-хоп министри со Bon Praskiza, како и неколку гостувања кај други артисти од сцената.

Lake Awake