БЕСЕДА
Беседа е бенд формиран 2020 година во екот на големата пандемија. Самиот поттик за формирање на овој бенд произлезе од желбата за формирање на еден цврст и моќен звук кој ги пробива сите граници на емоционалната страна на секој човек. Четири члена кои се борат низ секојдневието со сите можни алатки. Мирослав на бас и вокали, Немања и Гордон на гитари и Андреј на тапани. Спој на psychedelic stoner rock, stoner metal, doom metal елементи кои се зачинети со прогресивни бранови.
Беседа во изминатите години има одсвирено бројни свирки и фестивали меѓу кои: Downhill Festival (Врање), Д Фестивал (Дојран), и Лузерфест 2022 – на кој го освоија првото место и од гласовите на публиката и од резултатите нa судиите.