BerryQuat

Уште од најрана возраст, музиката и начинот на кој звукот функционира го одвлекува вниманието на Стефан Милевски и го предизвикува на изучување музички инструменти. Набрзо, започнува да свири контрабас во училишниот оркестар, а подоцна се појавува и како дел од градскиот мандолински оркестар. На 12 години се запознава со денс музиката, а веќе од следната година присуствува на голем број рејв настани кои се случуваат во неговиот град и длабоко навлегува во електронската музика. Љубопитноста за откривање и спојување на нова музика, кај Стефан оформува уникатна основа да започне со диџејство. Од 2015та е колекционер на “vinyl” плочи и неговите уникатни диџеј сетови и настапи стануваат дел од најзначајните дискотеки и настани во Македонија под името “BerryQyat”. Неговиот рецепт за микс патува низ повеќе жанрови базирани на хаус и техно  , проследени со игрив грув и добра динамика.

Church Stage