CYANOGIFTS

Рачно изработени, уникатни креации на торби и ранци за секојдневна употреба. Апликацијата е изведена со една од постарите алтернативни техники на фотографија – цијанотипија.

5ДО12

5 до 12 е креативна работилница за рачни изработки што се фокусира на персонализирани производи.

Trademark на 5 до 12 се персонализираните привезоци со миленици по кои е препознатлив брендот.

Палетата на производи е широка и неограничена, меѓутоа воглавно може да сретнете беџови, привезоци, обетки и подметсчи за чаши.

МаМаги

Ма Маги е создадена во 2020 година, во време кога луѓето од целиот свет имаа потреба од заздравување, грижа за себе си и од ( lekovitata mokj na prirodata ) моќта на природата да лекува.

Започнавме со неколку производи со цел да ве (ja) доближиме вашата врска со природата, да ве вратиме на изворот и, преку едноставните задоволства, да ве поврземе со енергијата на земјата и на корените.

Патеката на месечината создава фази на нашата душа и работи во содејство со внатрешниот развој којшто го добивате со секој производ од нашата продавница.

Посветени сме на намерата да истраеме на нашата најдобра практика, на одличната грижа за вас корисниците, на автентичен начин и со интегритет.

Чест ни е што имаме толку многу поддржувачи и убави души коишто купуваат од нас. Вие сте составен дел од нашата приказна и за тоа сме благословени и благодарни.

Второ Азно

Платформа за размена на облека од втора рака, половни предмети и споделување ресурси која ги обединува концептите на циркуларна економија и нула отпад под мотото: непотребното за тебе е богатство за друг!

Luna Aditeya

Бренд на облека на крајности, истражување, експериментирање. Го спојуваме традиционалното и модерното, брзото и бавното, експлозивното и мирното, со комбинирање на рачно изработеното и дигиталното, од везење и сликање до 3D печатење.

INDIGO HANDMADE

Јас сум Стела, креатор на различни производи кои се инспирирани од ретро боите, музиката и природата. Индиго е мојата мала продавница каде се продаваат рачно изработени додатоци, накит, печатени производи и многу повеќе.

Moonshine Creative Studio

Декоративни, рачно изработени производи од цемент, епоксидна смола, накит од монистри и свеќи за украсување на просторот и правење на домот едно послатко место на живеење.

BRILO GIRLS

Брошеви во вид на кукли направени од отпадни материјали и на некој начин рециклирани кои како моден детал ќе ви го направат вашиот outfit покул 😊

ЗШ ДА НЕ

Концептот на @zshdane_ се базира на неколку прашања:

– Дали постои простор за етикетирања и табу во овој безобразно неетички свет?

– Зошто фолирањето култура е поприфатено од искрениот отпор?

– Дали треба да се срамиме од сопственото само за друг да биде мирен?

– Дали ќе ни текне?

Зачувај го слободниот дух и биди тоа што си с е к о г а ш .

Партизан принт

Партизан принт е уметнички колектив посветен на печатење на свила. Нашата работилница е иницирана во 2015 година како дел од фестивалот ФРИК и формирана во 2017 година.

Шизик на ризик

Ова лето Шизик на ризик ве води на Д Фестивал со четири нови маички.
Изберете 2 од маиците и добијте фул фестивалски билет за 3 дена со кампување, пристап до сите бини и целосната програма на фестивалот.

🤑 Промотивна цена на пакетот до 26 јуни: 2.500 МКД
🛒 Нарачајте во инбокс или во нашиот дуќан
🚚 Достава за МКД: 100 ден /1-3 работни дена/

▶️ Средствата за пакетот се неповратни
▶️ Можност за величинска замена на производите
▶️ Пакетот не се комбинира со други тековни акции