БАКЛАВА
Баклава е World Music бенд формиран во 2004 година во Скопје. Досега бендот има снимено и објавено 4 албуми испеани на различни јазици, а последниот 5-ти албум е завршен и ќе биде објавен во текот 2023 година. Баклава е бенд со големо изведувачко искуство, кој имаЛ многубројни настапи дома, но и низ цела Европа во земји како: Данска, Шпанија, Франција, Германија, Чешка, Белгија, Романија, Турција, Италија, Словенија, Србија…
Во 2022 година Баклава беше избрана да биде дел од музичката програма МОСТ.
Во македонскиот јазик, зборот Баклава е синоним за Ромб, совршена геометриска форма, како симбол за еднаквост, спој на различни култури и четирите страни на светот.



Most Stage