АудиоЦигла

Во само година и пол од неговиот почеток, АудиоЦигла инспириран од електронската музика го најде своето место на македонската музичка сцена во алтернативната поп музика, како што ја опишува тој.

Со неколку синглови кои брзо ја освоија публиката и скоро издадено EП „Astral“, тој сигурно ја втемелува својата уникатна музичка приказна која навестува возбудлива кариера.