BUČ KESIDI

MAIN STAGE

Buč Kesidi, е инди-рок/електро/диско дуо од Панчево, составено од Лука Рачиќ на гитара и Зоран Зарубица на тапани, основано во 2014 година со идејата да ја „размрдаат“ и збогатат музичката сцена со оригинални и модерни рок изданија. Тие се моментално најпопуларното име на новата регионална сцена, со милиони на нивните YouTube видеа и секогаш рекордно распродадени концерти.

Со нивниот последен албум “Euforija”, тие го имаат запечатено своето место како предводници на новата генерација на алтернативната сцена во Србија. Ова издание е препознаено од публиката, музичките портали и музички критичари како што се Жикица Симиќ, Петар Јањатовиќ, Срѓан Страјниќ како најдобар албум во Србија во 2019. Покрај тоа групата се има закитено со награди од RUNDA, GODUM, MAC Awards, Adria Muzzik Video Awards, ELLE Style Awards и номинација на “Euforija” за најдобар независен европски албум во 2019 година од страна на најголемото здружение на независни издавачи во Европа – IMPALA.

Бендот го обележуваат хит песни меѓу кои „Idemo do hodnika“, „Nema ljubavi u klubu“, „Nedela ujutro“, видео спотови и концерти по регионалните клубови и фестивалите како Taксират, EXIT, Arsenal Fest, Belgrade Beer Fest и други. Во моментов тие го подготвуваат својот трет албум, но не се откажуваат од концертите ширум регионов.