ART BOUTIQUE

Z’SH DA NE

10:00 – 18:00

Концептот на @zshdane_ се базира на неколку прашања
Дали постои простор за етикетирања и табу во овој безобразно неетички свет?
Зошто фолирањето култура е поприфатено од искрениот отпор?
Дали треба да се срамиме од сопственото само за друг да биде мирен?
Дали ќе ни текне?

КОИ

10:00 – 18:00

КОИ е мал бизнис кој што се занимава со илустрирани или рачно изработени производи
кои се автентични и уникатни за нашиот пазар. Бизнисот почна во 2020 година, и од тогаш
успева да создава конекции помеѓу луѓето кои што се во потрага по нешто уникатно,
создадено со многу љубов и труд, од внимателно одбрани материјали кои што траат
долго.

RAINBOW Handmade

10:00 – 18:00

Rainbow Handmade е бренд кој започна со своите творења од 2017, но на социjалните медиуми е присутен од 2020. Мотото на овој бренд е да ги испирира младите генерации за повторно враќање на стари култури кои нашите предци ни го оставиле тоа како аманет за добар и квалитетен психички живот, да споделуваме знаење со сите кои што ќе бидат мотивирани и испирирани да започнат со ваков начин на творење.

The Cosmetic Scientist

10:00 – 20:00

The Cosmetic Scientist е Инстаграм профил зад кој стои Лора Тодорчевска – креативец кој ги има споено науката и уметноста. Нејзините сапуни, соли за капење, путери за тело и уште многу други производи ќе ви дадат можност да ја почуствувате предноста на рачно изработената козметика!

DIOSA MACRAME

10:00 – 18:00

Диоса макраме постои четири години. Започнав со изработка на накит, обетки и алки, продолжив да се развивам во делот на домашни декорации и аксесоари. Идеите се најчесто од секојдневната инспирација, модата, како и желбите и побарувањата на клиентите. Стилот кој се отсликува со макрамето е бохо, хипи, слободен, природен.

Макраме е техника на рачно врзување и обликување на конци од природни материјали. Сите изработки на Диоса се наменети за оние кои имаат таков личен стил на себе или во домот.

Со изработките на Диоса се изразува вашата индивидуалност, посебност и уникатност.

ПОДАРИ ПЛАНИНА

10:00 – 18:00

Подари Планина е приказна инспирирана од македонските планини. Секој производ е уникатна креација и спој на две пасии: планинарење и архитектура. На Д Фестивал ќе бидат изложени рачно изработени планини од дрво, маици, капчиња, бандани, алки и привезоци. Симболиката на „планина“ за секој има посебно значење. Мотото на Подари Планина е: „Планините не се само место, планините се чувство!“

CARIÑO

10:00 – 18:00

Во Cariño се сплотени две техники на рачна изработка: полимерна глина и хеклање. Секое нешто е уникатно, единствено и создадено со многу љубов.

FOREGROUND tote bags + FEJK илустрации

10:00 – 18:00
Foreground tote

Foreground tote bags започна со работа пред седум години, низ кои успева да се изгради како бренд кој поттикнува одржлив начин на живот.
На штандот на Foreground ќе сретнете интересни тотиња, во различни бои и дизајни..

Fejk Ilustracii

Фејк настана како резултат на потрага по нешто едноставно, нешто што не опишува сите. Потекнува од изреката fake it ’till you make it, а верувам дека во иднина ќе постои како нишка која ги поврзува сите наши секојдневни искуства.

МА МАГИ

10:00 – 18:00

Ма Маги е создадена во 2020 година, во време кога луѓето од целиот свет имаа потреба од заздравување, грижа за себе си и од лековитата моќ на природата. Започнавме со неколку производи со цел да ja доближиме вашата врска со природата, да ве вратиме на изворот и, преку едноставните задоволства, да ве поврземе со енергијата на земјата и на корените.

Патеката на месечината создава фази на нашата душа и работи во содејство со внатрешниот развој којшто го добивате со секој производ од нашата продавница.

Посветени сме на намерата да истраеме на нашата најдобра практика, на одличната грижа за вас корисниците, на автентичен начин и со интегритет.

Чест ни е што имаме толку многу поддржувачи и убави души коишто купуваат од нас. Вие сте составен дел од нашата приказна и за тоа сме благословени и благодарни.

AVET

10:00 – 18:00

Иако занаетот почна да го „пече“ уште од средношколските денови, Авет активно изработува накит и е активен на македонската занаетчиска сцена од 2015 година. За разлика од напливот на новиот бран занаетчии филигранисти – Авет го носи својот накит во сосема поинаков смер: ковано сребро и дизајни кои допираат и до рустичниот, груб стил, преку наједноставни елегантни решенија, па се до модернистички и екстравагантен масивен накит.

Она што е највпечатливо за стилот на Авет е накит со симболи и обележја од митските сфери, прадревните ведски култури на Балканот и ширум светот: од профани до спиритуални мотиви.

Голем дел од работата зафаќа и употребата на исклучиво природни камења, како од светското, така и од македонското поднебје.

СПОЗНАВАЊЕ

10:00 – 18:00

Спознавање е креативна платформа која служи за промоција на музичари, креативци, дизајнери и уметници. На Д Фестивал ќе се дружиме така што ќе креираме нови интервјуа, а на „Плоштарт“ ќе може да го набавите нашето прво списание!