Antonie

Антониe е најпознат како перкусионист, тапанар, мултиинструменталист, композитор и продуцент. Член е на Македонската филхармонија, ZJM Big Band, „Fames Project Orchestra“ и член на ансамблот „ConTempora“. Во минатото беше дел од бендот Fighting Windmills со кој има снимено четири студиски албуми како и соработки со „Katerinha“, „The Three of Us“, Јордан Костов, Џијан Емин. „AVP Project“ е најновиот соло проект на Антоние со кој тој најдобро ја претставува својата уникатна уметничка страна. Проектот е серија од три студиски албуми од различни жанрови и стилови кои се објавени во текот на 2021 година, а домаќини се домашни уметници. Со проектот AVP Антоние настапи на: Jazz Factory Festival, Прилеп Џез Викенд, Бела ноќ, Skopje Drum Fest како и настаните Neuland Mysterium, Schweppes Metamorphosis, 90 minutes, Culture in Crown Time, Mini Astro Concerts, ПИН шоукејс фестивал и многу други.

Church Stage