Златно Славејче

“Во организација на Советот за грижи и воспитување на децата на град Скопје, на 23 мај годинава се одржа првиот фестивал на детски забавни песни од македонски автори и на македонски јазик”…. – Нова Македонија, 1971 година

Од создавањето па се до денес, секој 13-ти ноември, на роденденот на слободата на нашиот град, се одржува најубавата и најстарата музичка манифестација за деца во нашата земја. Од година в година, бројот на песните се зголемува и на тој начин полека но сигурно се пополнува една голема празнина која се чувствува насекаде во регионот, но најмногу во наставата. Нивните безвременски песни секој ги знае, музика која израсна генерации, текстови кои не научија да зборуваме, пееме, играме, плачеме, се смееме…

,,Еј, гулаби, бели”, ,,Дувна ветре развигорче”, ,,Ми подари птицата песна”, ,,Кајче”, ..Ех, тој Тоше”, ,,Мојата учителка”, ,,Никола, Никола” и многу други, ден-денес се пеат на сите детски роденденски забави, во градинките и училиштата, во детските одмаралишта…

Mosquito Stage