Со огромен интерес заврши првиот дел од РАН КОРМОРАН

  • 0
  • 20/03/2018
DFest-Ran-Kormoran

Заврши првиот дел од Ран Корморан акцијата во чии рамки само онлајн се продаваа најповолните билети за Д ФЕСТИВАЛ, а судејќи по интересот и само за овој краток период, сигурно е дека и ова лето Д ФЕСТИВАЛ ќе го исполни капацитетот на фестивалскиот камп и целиот Дојран, кој од 6-ти до 8-ми јули е збирно место за илјадниците посетители на единствениот музички open-air фестивал во Македонија!

И оваа година, за покажаната доверба на оние најбрзите а со тоа и најверни посетители кои први ги купуваат своите влезници и пред да биде објавена програмата на Фестивалот, Д ФЕСТИВАЛ ги подготви подароците за најсреќните Ран Корморан купувачи, а во тој избор годинава се: Христина Тренчевска од Битола која го добива Д-пакетот (подароци и посебно организирани дружби на фестивалот), Јасмина Картовска од Скопје, Филип Митрески од Кичево и Сара Ѓоргиевска од Битола кои добиваат влезница за некој од другарските фестивали на Д Фестивал (Exit, Green Beach Festival или Таксират – по нивни избор).

Ран Корморан продолжува и со вториот дел од акцијата, во чии рамки билетите сѐ уште се продаваат по најповолните цени, но не само онлајн туку и на сите благајни на МкТикетс низ Македонија.

Во меѓувреме Д ФЕСТИВАЛ веќе ги соопшти и првите потврдени изведувачи од музичката програма за ова лето: FINK, Дуке Бојаџиев, Горан Трајкоски и Палиндром, а листата секој ден се надополнува со нови имиња, па за да бидете во тек со новостите ве повикуваме да ни се придружите и на официјалниот Фејсбук настан за Д ФЕСТИВАЛ 2018!