Волонтирај на Д Фестивал

Дали некогаш сте се запрашале како трите денови покрај езерото се претвораат во волшебна сказна?

Д Фестивал е проект создаден од заедница. Тоа значи дека е изграден на волонтерска база, вклучувајќи над 300 посветени и прекрасни луѓе. Тоа исто значи дека си ни потребен/а токму ТИ, за таа приказна да оживее!

Волонтерите може да се вклучат во тимот пред, за време и по настанот. Придружи ни се и помогни ни да го изградиме ова искуство преку креирање на различни катчиња, со помош на терен во декорација, со помош во кујна или во еко-патрола, помош во канцеларија и промоција на фестивалот.

Во зависност од твојата мотивација и достапност, може да ни помогнеш, од четири дена, до шест недели, во подготовки на фестивалот. За време на твоето волонтирање ќе го изодиш и превртиш Д Фестивал цел, ќе ги изостриш твоите вештини и ќе створиш нераскинливи другарства.

Со цел навистина да го вреднуваш патешествието кое води до крајот на Д Фестивал, ти напоменуваме дека волонтирањето понекогаш ќе биде напорно и ќе бара многу трудољубивост, совесност и одговорност, особено за оние кои ќе се пријават да волонтираат на подолг период и на терен. Но, може едно да ти ветиме: искуството кое ќе го добиеш преку работата во заедница, ќе ти донесе огромно чувство на исполнетост и радост кои потоа си ги носиш дома и ти остануваат врежани во споменот засекогаш.

После Д Фестивал, повеќе нема да бидеш ист/а, дефинитивно знаеме.

Дали си подготвен/а да полеташ во оваа нова приказна?

Рокот за аплицирање трае до 20 Април

ВАЖНО: Прочитајте го Правилникот за Волонтери пред да ја пополниш апликацијата.

ПРАВИЛНИК ЗА ВОЛОНТЕРИ



Волонтерски позиции: може да одбереш максимум три

Според описот во Договорот за Волонтери, долгорочното волонтирање е возможно започнувајќи од 2 недели (на терен), до 6 недели (во канцеларија и на терен) пред настанот, и 3 дена по завршување на фестивалот.

Краткорочното волонтирање значи дека ќе работиш минимум 22 часа во текот на оддржувањето на Д Фестивал.

Внимавај! Овие опции се само твоите преференци.

Долгорочен тим: Декорација и средување на камп
Како волонтер во креативниот тим, им помагаш на нашите најдобри креативци во потрага по уметничката мисија кампот да биде тип-топ. Од кроење на материјали, знамиња, до правење на знаци, фарбање и ковање даски и палети. Како креативна личност, ти исто си и внимателен слушател кога станува збор за следење на дадените инструкции. Треба да си подготвен да работиш и даваш свои идеи.

Долгорочен тим: Офис тајм
На Д Фестивал му се потребни ваквите спасители кои ќе му помогнат на тимот во канцеларија. Дали имаш вештини и искуство со екрани и тастатури, со планирање или со административна работа? Дали имаш ум кој сака да решава проблеми? Сакаш ли да научиш повеќе за тоа? Ако одговорт е да, можеби оваа позиција ќе биде одличен избор...

Долгорочен тим: Единица продакшн
Овој тим е ветерот во грб на Д Фестивал! Нашата продакшн единица ќе му помага на продукцискиот тим со физичка работа во градење на сите структури кои го оживуваат фестивалот на терен. Кревање на шатори, влечење на кабли или работа со дрво се една од бројните задачи што може да ги правиш. Треба да си во добра физичка состојба, да си отпорен на сонце, а добродојдено е и основно познавање на електрика.

Краткорочен тим: Еко Пират
Ти си еден од хероите на Мајката Природа. Да се грижиш за земјата по која чекориме и за сите суштества на природата е многу благородна и важна задача. На Д Фестивал сериозно ја сфаќаме оваа работа и сметаме на твојата помош! Исто така, сметаме дека ќе ја шириш пораката и креваш свеста на сите посетители за соодветно складирање на ѓубрето во текот на целиот фестивал, дури и кога нема да си на смена.

Краткорочен тим: Безбедност на прво место
Преку твојата добра перцепција и авторитативност, точно знаеш како се даваат инструкции и како да бидат почитувани. Како волонтер ќе бидеш одговорен работите да се безбедни за сите, ќе ја имаш одговорноста да ги водиш луѓето и да држиш контрола. Затоа е многу важно да бидеш расположен и да ни ја покажуваш твојата најголема насмевка, дури и кога работите ќа станат малку тензични.

Краткорочен тим: Подготвен, љубезен и брз!
Подобро не може да се опише! Ако си подготвен, љубезен и брз да ни помогнеш каде и да треба – може да ги пречекуваш луѓето со насмевка, да помагаш во логистика или да одговараш на најлудите прашања. Каде и да те поставиме, твојата главна мисија ќе биде да си во добро расположение, дури и кога работите ќе бидат надвор од контрола.

Краткорочен тим: Техничка поддршка
Со претходно искуство, можеби на уметничката сцена, каблите не се никаква тајна за тебе. Како волонтер во техничка поддршка, ќе му помагаш на стејџ менаџерот во поставување и чистење на сцената или можеби ќе го раководиш киното и дискусиите. Ти си една организирана личност и знаеш како да ги решиш техничките проблеми за само една секунда.

Краткорочен тим: Сè што треба
Дали имаш претходно искуство како бармен, си работел ли во кујна или како логистика во некој бар? Дали работиш добро под притисок? Ако си заинтересиран за оваа позиција, можеби ќе помагаш во кујната и ќе го оддржуваш просторот чист или можеби ќе му помагаш на некој од бар менаџерите, грижејќи се работите да бидат како што треба.


* Мора да ги прифатите правилата за волонтери за да го испратите барањето