VOLONTERI

КОНКУРС ЗА ВОЛОНТЕРИ

Како фестивал кој уште од своето оформување го поддржува општествениот активизам на младите, Д ФЕСТИВАЛ посветува посебно внимание на ПОДДРШКА НА ВОЛОНТЕРСТВОТО поттикнувајќи ги младите да се активираат, да стекнат работни искуства и да се запознаат со луѓето од целиот регион и пошироко. Во духот на постојаниот напредок, секоја година ја афирмираме волонтерската програма во чии рамки Д ФЕСТИВАЛ ги повикува сите млади луѓе од Македонија кои сакаат да стекнат драгоцени искуства од фестивалскиот организациски ангажман, да се пријават на конкурсот и на тој начин да станат дел од нашиот тим.

Пријави се на info@password.mk
Најдоцна до 14-ти април 2017.