Влатко Стефановски за прв пат пред фестивалската публика во Дојран

  • 0
  • 11/06/2019
vlatko stf novosti sajt

Легендата на современата македонска музика, ова лето ќе настапи за прв пат пред фестивалската публика во Дојран и тоа со акустичен сет во нашиот магичен музички храм – Church Stage! 

Влатко Стефановски е роден во Прилеп и потекнува од типично театарско семејство. Неговите родители биле наклонети спрема уметноста и често патувале, па така се преселиле во Скопје, каде што во рамките на неговиот дом, денеска се наоѓа неговото тонско студио „Езотерија“.

На своите 13 години почнал да свири гитара и во доцните тинејџерски години ја основал групата „Леб и Сол“. Издале 14 албуми и имале турнеја низ целиот свет. Од средина на деведесеттите години, Влатко Стефановски се посветил на својата соло кариера со неколку соло изданија, како што се: „Cowboys & Indians“, „Sarajevo“, „Gipsy Magic“. Во Крушево, заедно со американскиот гитарист со српско потекло Мирослав Тадиќ, Стефановски го снимил албумот „Крушево“, со традиционални македонски песни во акустичен аранжман. Потоа следува „Триото на Влатко Стефановски“, заедно со тапанарот Михаил Парушев и басистот Александар Поп Христов.

Со години наназад Влатко Стефановски свирел насекаде низ светото и остварил соработки во врвни музичари, како што се: Томи Емануел, Џибони, Јан Акерман, Тони Левин, Big Band of the Slovenian Army и уште многу други музичари.

Влатко Стефановски денеска се смета за еден од најважните музички имиња во Македонија и пошироко, и е препознатлив по уникатниот звук и техника. Во моментот создава музика за филм, театар и балет.