ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ!!!

  • 1
  • 16/07/2017
Web-Novosti-02

Поради временските услови за вечерва и безбедност на посетителите преземени се неопходни вонредни мерки за спроведувањето на музичката програма на Д Фестивал 2017!

НАСТАПОТ НА АРХАНГЕЛ е презакажан за порано, ВО 21 ЧАСОТ НА ГЛАВНАТА БИНА!

Ако дозволат временските услови, по Архангел, НА ГЛАВНАТА БИНА ЌЕ СЕ ОДРЖИ И НАСТАПОТ НА EGORYTHMIA и екипата од MIDNIGHT RITUAL кој првично беше предвиден на LakeAwake бината.

Во CHURCH STAGE од 20:00 часот и вечерва ќе се одржат КИНО-ПРОЕКЦИИТЕ на МакеДокс.


Останатите концерти на главната бина, на Lake Awake бината и Mosquito Stage СЕ ОТКАЖАНИ!

Се надеваме дека нема да има поголеми влошувања во временските услови. Состојба се следи постојано, па саатниците за главна бина може да бидат пролонгирани до термин кој ќе предвидува најповолни услови во овие околности.

Дождот не може да ја стопи цела љубов која ја собравме деновиве! Ве чекаме на главната бина заедно со АРХАНГЕЛ да го затвориме Д ФЕСТИВАЛ на најдобар начин!