Ване Костуранов за Д Фестивал

Веќе трета година по ред за дизајните на Д Фестивал се грижи нашиот драг пријател Ване Костуранов. Како уметник со долгогодишно искуство, преку своите самостојни и групни изложби, шарени мурали, разиграни илустрации и книги, постојано не’ потсетува на детето што го носиме во себе. Освен со својата креативност, ни го разубави фестивалот и со неколку зборови кои многу ни значат, па сакавме да ги споделиме:

“Д Фестивал е многу повеќе од фестивал со бендови на бина. Тој е култура на живеење, ретко видена позитивна енергија, насмевки, солидарност, дебати, театарски перформанси, забава, прегратки на пауза помеѓу два бенда… Д Фестивал е пркос на времето во кое живееме. Инспирација каква што секој уметник/дизајнер би посакал.

Среќен сум што еве трета година имам можност да работам на визуелниот идентитет на фестивалот.“

И ние сме благодарни што си дел од ова прекрасно искуство и те чекаме на дружба и оваа година!