Д ФЕСТИВАЛ: Со TRAP DA FUCK UP се комплетира програмата за LakeAwake бината!

  • 0
  • 23/05/2017
TrapDaFuckUp

Остануваат уште 50 дена до новото фестивалско лето во Дојран, а Д ФЕСТИВАЛ веќе ја има и првата бина со целосно комплетирана програма, LAKEAWAKE бината посветена на електронската музика! Како заокружување на тридневното целовечерно доживување сѐ до раните утрински часови на дојранското крајбрежје, оваа бина на Д ФЕСТИВАЛ годинава ќе го стартува својот погон со звукот на трап музиката и тоа презентиран на врвен начин од екипата на TRAP DA FUCK UP кои ја преземаат првата програмска вечер на LakeAwake, во петок на 14-ти јули.

TRAP DA FUCK UP е серијал на забави кој започна во јуни 2014, и за брзо време прерасна во движење на новата генерација во Македонија. Забавите се уникатни, иновативни и нудат комплетно визуелно искуство, како и одлични настапи на македонски и странски диџеи и артисти. Секогаш во тек со актуелните случувања и трендови, новата музика, и поддршката за локалните артисти го прават ова движење најголемо и највлијателно од ваков тип во Југоисточна Европа. За овогодинешното издание на Д Фестивал, TRAP DA FUCK UP подготви all-star постава за epic takeover на Lake Awake стејџот, составена од 5 диџеи и артисти кои ќе го опфатат целиот спектар на трап музиката и тоа IRIE SCRATCH, DRUGGY, BASS INFUSION, GLOOMIE и INOMATIK, а целиот takeover ќе биде поддржан со сценографијата и визуелизациите на MVRSVR.

IRIE SCRATCH еден од најактуелните млади DJ-и на овие простори кој го размрдува подиумот уште од 2009 година. Член на хип-хоп колективот Sure Shotz и еден од основачите на TRAP DA FUCK UP движењето. Препознатлив по својот стил, Irie Scratch е директно одговорен за атмосферата и вибрациите во ноќните клубови во Македонија, но забележителни се и неговите интернационални настапи во Грција, Германија, Швајцарија, Бугарија, Србија итн.

DRUGGY, претходно познат како Anakreont XY, половина од дуото Anomalia Nativa е и еден од основачите на TRAP DA FUCK UP движењето. Продуцент и артист кој постојано ги поместува границите на жанровите во кои работи, и има соработувано со многу македонски и странски артисти, пред се од хип-хоп и електронската сцена. Неговите live сетови се полни со DnB, трап, хип-хоп и дабстеп бенгери кои никого не оставаат рамнодушен.

BASS INFUSION е диџеј, блогер, радио водител и еден од основачите на TRAP DA FUCK UP движењето. Уредник на првиот блог во Македонија посветен на бас музика, како и на неколку различни радио емисии, тој е секогаш предвесник на новите жанрови и трендови во музиката и уметноста.

GLOOMIÉ е музичар и продуцент со долгогодишно искуство како инструменталист и вокалист. Неговиот уникатен звук и енергичниот live настап составен од динамични изведби на неговите авторски изданија се причината поради која Gloomié е еден од фаворитите на публиката. Позади себе има 2 EP, неколку ремикси и постојано работи на различни проекти во областа на електронската музика.

INOMATIK, продуцентот и DJ од Скопје, своите почетоци на сцената ги има оформувајќи сопствено студио каде е продуцент на голем број хип-хоп артисти од новата генерација. Неговиот звук еволуира со времето, а две негови песни се најдоа и на првиот TDFU Mixtape кој излезе во јуни 2016. Во моментов, неуморно работи на своите диџеј настапи, нова авторска музика, соработки со други артисти и поддршка на млади таленти.

Покрај Trap Da Fuck Up, за време на тридневниот музички маратон кој ќе се одржува од 14-ти до 15-ти јули во Дојран, LakeAwake бината на Д ФЕСТИВАЛ со свои концептуалните програмски вечери ја преземаат и дел до водечките македонски техно артисти на MOSAIC KOLLEKTIF во сабота, 15-ти јули, додека за затворањето на фестивалот во недела, 16-ти јули оваа бина е резервирана за MIDNIGHT RITUALS вечерта која ја предводи најрепрезентативниот македонски прогресив транс артист EGORYTHMIA, во засилување со настапите на ALBIORIX, SPIRIT ARCHITECT, DUAL RESONANCE и MODUAL! На останатите фестивалки бини пак, веќе се потврдени и настапите на музичките ѕвезди како РУДИМЕНТАЛ, РОНИ САЈЗ, КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, КУП ОСКАР ОРКЕСТРА, С.А.Р.С., СИНИСТЕР, ПРОЏЕКТ РАКИЈА и уште дестина други, а наскоро Д ФЕСТИВАЛ објавува уште многу изненадувања од програмата за својата седма едиција!

РАН КОРМОРАН АКЦИЈА за најповолните „all-inclusive“ ВЛЕЗНИЦИ
Д ФЕСТИВАЛ годинава ќе се одржува од 14-ти до 16-ти јули во Дојран. Во моментов актуелна е продажбата на најповолните РАН КОРМОРАН билети преку продажната мрежа на МкТикетс, а за полесно и побрзо купување, од оваа година билетите можете да ги набавите и преку мобилната апликација на karti.com.mk која е достапна за преземање на следните линкови: – Android, – iOs. Во оваа фаза од претпродажбата достапни се all-inclusive билетите за Фестивалот кои за неверојатна цена од само 600 денари на посетителите им овозможуваат пристап до сите фестивалски стејџови и бесплатен камп за трите дена на Д Фестивал 2017.