Telemama

Телемама е сценското име на визуелната уметница Драгана Заревска чија работа може да се позиционира некаде на пресекот меѓу поезијата, технологијата и музиката. Во моментов таа е кандидат докторант по визуелни уметности на Универзитетот за технологија во Брно (Чешка), каде што истражува како луѓето се поврзуваат со новите технологии и иднината на работата преку поезија и музички текстови. Често е ангажирана во RISE SICS – истражувачките институти на Шведска за применета информативна и комуникациска технологија, како уметнички консултант на проекти во кои се комбинираат уметноста и науката. Телемама има две албумски изданија: соло албумот „Мис Слобода“ снимен во нејзината кујна (Ако никој не свири, 2015) и „Краток албум за двајца“ заеднички напишан и изведен со Пиколомини (Шарла рекордс, 2018). Во 2019 година, таа го реализираше синглот „ЕАСА“, напишан и снимен заедно со Prince$$ Donatsu (МВРСВР). На Д Фестивал, Телемама ќе настапи соло и ќе акустично ќе изведе микс од материјалите од двата албуми.

Church Stage