Svemirko

svemirko

Хрватската сензација Свемирко е се што сме барале од еден електро-поп бенд – совршено урамнотежен спој на чувства, вештини и квалитет. Понекогаш емо-мачо, малку авангардни, а сосема нормални е нивниот рецепт за незаборавен настап. Дружината составена од Марко Вуковиќ, Бранимир Блажевиќ, Тони Тандара, Бојан Бојков и Антонио Бошњак се смета за една од најинтересните појави на современата музичка сцена на Балканот. По издавањето на својот деби албум “Vanilija”, бендот за рекордно време се здобива со одлични критики. Каде што “Vanilija” завршува, вториот албум – “Tunguzija” продолжува, доврзувајќи се со фантастични аранжмани и мелодии, живописни текстови и луди ритми. Директно од космосот па се до планетата Земја, Свемирко годинава доаѓаат на Д Фестивал.

“Svemirko vam daje tajne svemira na dlanu, izbor je na vama.”

Mosquito Stage