Одбројуваме до Д фестивал, степери дали сте спремни?

  • 1
  • 04/07/2018
Web

 

Ситно се брои до нашиот омилен Д фестивал, а воедно и на првиот Dnb Step contest кој оваа година Bass Lab премиерно ни го носи на програмата на Д фестивал. Горди сме на нашите степери кои веќе почнаа да се подготвуваат за натпреварот, а воедно ни снимија навистина кул видеа од нивните денс потези кои се одличен пример и мотивација за оние кои подзаборавиле или сеуште незнаат што е dnb step, а се мотивирани да научат.

Ве охрабруваме да ги погледнете видеата, а најгледаното видео ќе добие награда – влезница за фестивалот! Воедно најдобрите степери кои ќе учествуваат на натпреварот имаат можност да добијат 2 влезници за Green Beach Festival, гајба пиво и промо материјал од Bass Lab и Д Фестивал. Натпреварувачите ќе имаат 40 секунди да ги покажат своите потези кои ќе бидат оценети во двобој од пријателски карактер. За тие што сакаат да се пријават на натпреварот во сабота (07.07.2018) место сеуште има и тоа можат да го сторат на линкот подолу или во сабота на штандот на Bass Lab. Ве очекуваме во сабота во 13 часот во ПлоштАрт зоната!

Линк за пријавување

Линк од евентот