
Подгответе се за модно освежување во летните горештини!
Д Фестивал како музички фестивал е фантастично место за потенцирање на твојот уникатен моден стил. Биди храбар и направи креативен спој во начинот на облекување за време на тридневниот летен настан, па шпанскиот моден бренд Springfield можеби токму тебе ќе те награди!
Следниве насоки ќе те одведат до „аладиновата ламба“ на модниот стил, внимавај!
1.Пред започнувањето на фестивалот, сликни се и постирај ја фотографијата со твојата #musthave комбинација на Instagram со хаштаг #springfieldfetsivalready – можеби токму ти ќе бидеш избраникот за вредносен ваучер од Springfield брендот.
2. Кога си веќе на Д Фестивал и лежерно се шеткаш во (не)вниматено избраната облека – сликни се пак и сподели на Instagram со хаштаг #springfieldfestivalfashion. Ако си најуникатен и баш ти е гајле, тогаш Springfield ќе те награди со подарок!
3. Тоа не е сè! Дополнително, првите 1000 пристигнати посетители со тридневна all inclusive влезница за Д фестивал на влезот на фестивалскиот камп ќе добијат и купони со попуст за купување во продавниците на Springfield.