Синот на Боб Марли е првиот потврден гостин на Д Фестивал 2020

marley
/ˈmɑːli/
noun  Jamaican royalty, signifying the pioneer of a political, social and cultural revolution

Јамајканскиот хип-хоп и реге артист Ky-Mani Marley е првиот потврден гостин на Д Фестивал!!!

Синот на легендарната реге икона Боб Марли не дозволува името и вредностите на неговиот татко да отидат во заборав со тоа што ја продолжува традицијата и со својата музика ги инспирира луѓето низ целиот свет.

Љубовта кон различните музички жанрови е тоа што го прави Ку-Мани уметник без граници и поради тоа е невозможно да биде категоризиран во само еден стил. Играјќи си со хип-хоп, блуз, реге и рок звуците, преку “Ghetto Soldier”, “Dear Dad”, “I Pray”, “Rasta Love”, “I Got You” и многу други ќе ни ја раскаже својата уникатна животна приказна.

Peace. Unity. Equality. and Feel D Love!