Silent Disco – нова фестивалска дестинација на Д-Фестивал

  • 1
  • 06/07/2019
FotoJetnovosti

Silent Disco на Д-Фиеста е нова фестивалска дестинација за пребирливите музикољупци и друштвата кои маки мачат да се усогласат што да слушаат. На овој подиум за саботната вечер, 13-ти јули на располагање ви нудиме тројца диџеи: Алек Бошковиќ, кој прави разиграна селекција на песни кои и самиот сака да ги чуе, Игор Радошевиќ и неговиот музички спој на електро, инди и звуци од 80-тите, како и Милан Серафимов, кој ужива во совршена рамнотежа помеѓу карактеристичниот хаус и динамичниот тек хаус звук.

Избери го својот ритам на Д Фестивал 2019!