Shhhh, D peeps are dancing here: SILENT DISCO за прв пат во ПлоштАрт!

  • 1
  • 18/04/2019
silent disko

За прв пат на Д Фестивал од ова лето – Silent Disco! Единствената логична денс дестинација за пребирливи рејвери и „мешани друштва“ кои не можат да се усогласат што да слушаат!

Silent disco, за оние кои не знаат, е журка на која присутните танцуваат на музика која ја слушаат преку безжични слушалки. Наместо да се емитува преку разглас, музиката се пренесува преку радио емитер – преку слушалките. Ние ви даваме три диџеи – три опции од кои самите избирате на што ќе играте. А и супер ќе изгледаме од страна додека танцуваме на „ништо“.

2

Silent Disco е новата, петта бина на Д Фестивал која ова лето ја отвораме за сите party animals спремни да се забавуваат до зори, без музиката да им пречи на комшиите во кампот. Тројцата диџеи кои во исто време ќе застанат зад пултот на оваа бина ќе ги откриеме наскоро, заедно и со точната локација.

1