Санаториум

Санаториум се метал бенд, формиран во Скопје во 1987 година. Претрпуваат неколку промени во составот на членови низ годините. Сега, бендот брои четири члена: Перо Стефановски, Горан Атанасов, Горан Станковиќ и Бобан Василевски. Во 1992 влегуваат во студио и го снимаат својот прв албум “The Edge Of Sanity” по кој следи турнеа во соседните земји. Од турнеата произлегува и снимен материјал од кој има и видео запис – “Live in Hungary”. По издавањето на третиот албум “No More” во 1996 година, следат низа концерти низ Европа. Како промоција на албумот “Санаториум”, бендот настапува во неколку градови во Македонија, па потоа во Бугарија, каде ја делат сцената со Slayer и Halfold и во Белград со Soulfly. Темата која се провлекува низ албумите е протест кон војната која се случува во тој период на териториите на поранешна Југославија. Песните се полни со сомнеж и загриженост кои можат да се почувствуваат преку мелодиите и текстовите на Санаториум. Целосната слика може да се види во дивите и бесни, бунтовни вокали преку кои се искажува барањето на нов политички систем, нов живот…