Social-MediaИ оваа година Д Фестивал ќе биде исполнет со најразлични рекреативни активности!

 

Treasure Hunt: Find D MultiКулти treasurе со ЦИД – Куманово

За време на Д Фестивал, ЦИД ќе ги вклучи волонтерите и постетителите во „Treasure Hunt“ кој ќе трае сите три дена.
Идејата е да се охрабрат сите учесници да откријат кои сè активности се случуваат во кампот и да ја запознаат филозфијата што ја промовира Д Фестивал. Тимовите ќе се состојат од 5 учесници кои во „Treasure Hunt-от“ ќе треба да се инволвираат во активностите на другите организации, да научат нови вештини, да пробаат различни јадења и пијалоци од „Food Corner-от“, да ги запознаат изведувачите, итн.

„Treasure Hunt-от“ ќе се игра преку апликацијата „MultiKулти“, што учесници ќе треба да ја симнат на своите мобилни и каде ќе може да ги гледаат задачите кои ќе бидат постирани на секои два часа. Тимовите ќе треба да постираат слики од сите задачи кои ги извршиле со хаштагови: #CID, #dfestival и #дфестивал.

Победници ќе бидат оние што ги завршиле сите задачи и кои добиле најмногу лајкови на сликите постирани на Фејсбук и/или Инстаграм. За победниците следуваат награди.

Може да се регистрирате на следниов линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSefWmLM5fVH_EXXDdBiETmIlHU8xcEPwOc_MIu6aATGLYgjng/viewform

Дружење, презентации и играње на друштвени игри со ГОБЛИН

1.Magic:The Gathering е најпопуларната игра со карти во светот со преку 19 милиони официјално регистрирани играчи, а првпат се појави во далечната 1993 година. Оваа стратегиска игра го положи тестот на времето и се уште е во врвот на популарноста, а во последниве години доживува огромна експанзија и покрај се поголемата проширеност на компјутерските игри. Д фестивал промоција – Научете да играте Меџик и добијте бесплатен шпил!
2 . Small Star Empires (Archona Games) првата македонска игра на табла, од Милан Тасевски. целта на играчите е доминација во вселената, преку освојување на ѕвездените системи и небули. Натпреварувачите управуваат со четири галактички цивилизации, кои штотуку ја откриле технологијата на меѓуѕвездено патување, па се впуштиле во освојување на бескрајната вселена.
3. A Game of Thrones: Hand of the King Железниот Трон ја бира својата нова Кралска Десница! Играчите се обидуваат, преку Варис – Господарот на Интригите, да соберат што поголем број благороднички гласови, преку кои ќе бидат избрани на новоотворената влијателна позиција. Оваа брза игра, илустрирана од нашиот познат стрипаџија – Тхе Мичо, е сместена во фамозниот свет на Game of Thrones.
4. Galactic Warlords: Battle for Dominion (Archona games) Playtasting на уште една македонска игра пред kickstarter промоција оваа есен.

+ други забавни игри

Се гледаме на рекреација!

 

Поддржано од:
Civica_Logo&Slogan_Clr-02