РЕКОРДЕН ИНТЕРЕС ЗА Д ФЕСТИВАЛ!

  • 0
  • 07/04/2017
Web-Dfestival

Специјалната онлајн акција РАН КОРМОРАН на Д Фестивал тукушто заврши и тоа со рекордна распродажба на првите билети за само 48 часа остварувајќи го историскиот максимум на фестивалот! За само два дена распродадени се двојно повеќе од првично предвидениот број на влезници за оваа акција и покрај тоа што продажбата се спроведуваше исклучиво онлајн.

Овој резултат на продажбата во првиот промотивен период го потврдува огромниот интерес на публиката за новото фестивалско лето во Дојран, но уште поважно и довербата која посетителите ја имаат во Д Фестивал стекната на претходните изданија, со секогаш квалитетна програма, повеќе музички бини, фестивалски камп и изобилие од настани во дополнителната програма типична за големите фестивали ширум светот, а единствена по својот концепт кај нас. Сите оние кои своите влезници ги купија во рамки на специјалната онлајн акција истовремено учествуваат и во извлекувањето за пакетот подароци Златен Комарец кој Д Фестивал го подготви во знак на благодарност за најверните посетители, а добитниците ќе бидат објавени на 10-ти април (понеделник).

Од денес, петок 7-ми април билетите за седмото издание на Д ФЕСТИВАЛ, покрај онлајн, веќе се достапни и на благајните на МКтикетс! За полесно и побрзо купување, билетите од оваа година можете да ги набавите и преку мобилната апликација на karti.com.mk која е достапна за преземање на следните линкови: – Android, – iOs. Во оваа фаза од претпродажбата достапни се all-inclusive билетите за Фестивалот кои за неверојатна цена од само 600 денари на посетителите им овозможуваат пристап до сите фестивалски стејџови и бесплатен камп за трите дена на Д Фестивал 2017.

Новото фестивалско лето на Д ФЕСТИВАЛ годинава ќе се одржува од 14-ти до 16-ти јули во Дојран, а веќе во понеделник тимот на Д Фестивал најавува нови изненадувања за посетителите на годинашното издание! Време е за убави нешта! Придружете ни се во новите незаборавни летни доживувања на единствениот open-air фестивал кај нас!