Regard

dj regard

Дардан Алиу е диџеј и продуцент од Косово, насекаде познат по неговото уметничко име – Регард. Кариерата ја започнува во 2008-мата како пионер на електронската сцена на Балканот, а подоцна го менува својот стил во Deep House. Во 2019-та станува вирална сензација и се здобива со интернационален успех откако го објавува својот ремикс на песната “Ride It” на Tik Tok, Spotify и Apple Music. Синглот достигнува повеќе од милион преслушувања на Spotify, а до крајот на август 2019, песната веќе е преслушана повеќе од 2.4 милиони пати во Америка и стига до “Hot Dance/Electronic Songs Chart” на 21 место. Го зазема првото место на “Ireland singles chart”, второ место на “UK singles charts” и трето место во Австралија. Тимот на социјалната мрежа Tik Tok изјавува дека нивната платформа го содржи капацитетот да ги поддржува уметниците и да ги промовира глобално, а Регард е вистински пример за како тоа се прави.