Почнува првата етапа од РАН КОРМОРАН акцијата!

  • 3
  • 23/01/2019
Ran-Kormoran-Online

Од среда, 23-ти јануари точно на пладне стартува специјалната онлајн акција на Д ФЕСТИВАЛ со првите т.н. РАН КОРМОРАН билети за Фестивалот кои ќе се продаваат само во ограничен број. Оваа акција е начин на кој Д Фестивал ја наградува довербата на првите и свои најверни посетители, кои ќе имаат прилика да ги набават фестивалските влезници по најповолната цена од само 600 денари за тридневните билети без камп и 650 денари за билетите со вклучено место за кампување!

Сите оние кои ќе ги купат своите билети за време на САМО ПРВИТЕ 48 ЧАСА од онлајн продажбата учествуваат и во извлекувањето за специјалните Д пакети кои на најсреќните четворица посетители ќе им донесат многу различни поволности на Фестивалот. По завршувањето на 48-часовната онлајн акција, од петок (25-ти јануари) продолжува редовната продажба на најповолните РАН КОРМОРАН билети за Д Фестивал во сите продажни места на МКтикетс.

ВАЖНО!!!

  • ПРВИТЕ 48 ЧАСА акцијата РАН КОРМОРАН се спроведува САМО ОНЛАЈН на овој линк.
  • Во продажба се тридневните ФЕСТИВАЛСКИ БИЛЕТИТЕ со кои за трите дена на Фестивалот имате пристап до сите фестивалски стејџови.
  • Овие билети се достапни по НАЈПОВОЛНАТА ЦЕНА од САМО 600 ДЕНАРИ (без кампување) и 650 ДЕНАРИ (со кампување).
  • Онлајн акцијата РАН КОРМОРАН со која влегувате во извлекување за Д подароците, трае САМО 48 ЧАСА, односно до 25-ти јануари до пладне.
  • Сите купувачи на билети во рамки на првите 48 часа од продажбата влегуваат во извлекување за пакетот Д подароци.
  • Најсреќните четворица купувачи со Д пакетите добиваат: бесплатен превоз, вечера за двајца и различни Д-подароци за првиот, а останатите тројца добиваат влезници за други значајни фестивали кои годинава се одржуваат кај нас и во регионот како што се GREEN BEACH FESTIVAL, ТАКСИРАТ, EXIT и други.
  • Во извлекувањето на добитниците учествуваат сите бар-кодови од влезниците купени во рамки на онлајн акцијата РАН КОРМОРАН за време на првите 48 часа.
  • Добитниците на Д подароци ќе бидат објавени во понеделник, 28-ми јануари на пладне.

Бидете навистина брзи и подгответе се за новото фестивалско лето на Д ФЕСТИВАЛ. Деветтото издание на единствениот летен open-air фестивал кај нас Д ФЕСТИВАЛ ќе се одржи од 12-ти до 14-ти јули во Дојран, а редовната продажба на РАН КОРМОРАН билетите по истата цена од 600 и 650 денари продолжува и во сите продажни места на МКтикетс во петок, 25-ти јануари.