И оваа година, огромен интерес во првата етапа од РАН КОРМОРАН за Д Фестивал!

  • 0
  • 29/01/2019
Ran-Kormoran-Dobitnici

Со огромен интерес, заврши првиот дел од Ран Корморан акцијата со која најповолните билети за Д ФЕСТИВАЛ се продаваа само онлајн, а сите купувачи учествуваа во изборот за Д-подароци. Во рамки на оваа етапа од продажната акција, Д Фестивал ги добива своите најверни посетители кои први ги купуваат своите влезници и пред да биде објавена програмата на Фестивалот, а во знак на благодарност, таа доверба секоја година ја наградуваме со Д-подароците за најсреќните Ран Корморан купувачи. Во овој избор, најбрзите и најсреќни купувачи за оваа година се: Ана Поп Антоска од Прилеп која го добива Д-пакетот (подароци и посебно организирани дружби на фестивалот), Милан Боцев од Скопје, Мирослав Секулоски од Кичево и Дамјан Јорданов од Скопје кои добиваат влезница за некој од другарските фестивали на Д Фестивал (Exit, Green Beach Festival или Таксират – по нивни избор).

Ран Корморан продолжува и со вториот дел од акцијата, во чии рамки билетите сѐ уште се продаваат по најповолните цени, но не само онлајн туку и на сите благајни на МкТикетс низ Македонија.

Годинава од 12-ти до 14-ти јули повторно се собираме во Дојран за нова фестивалска авантура на Д ФЕСТИВАЛ, а веќе во наредните неколку дена ќе ги соопштиме и првите потврдени изведувачи од музичката програма за ова лето, па за да бидете во тек со новостите ве повикуваме да ни се придружите и на официјалниот Фејсбук настан за Д ФЕСТИВАЛ 2019!