РАН КОРМОРАН НА Д ФЕСТИВАЛ!

  • 1
  • 07/03/2018
D-Fest

Од денеска (7-ми март) стартува РАН КОРМОРАН акцијата на Д ФЕСТИВАЛ со првите, најповолни билети за фестивалот кои во оваа акција ќе се продаваат само онлајн, на овој линк. Оваа специјална акција е начин на кој Д Фестивал и годинава ја наградува довербата на првите и свои најверни посетители, кои ќе имаат прилика да ги набават фестивалските билети по најповолните цени и тоа:

* ФЕСТИВАЛСКИ БИЛЕТ (три дена, без кампување) – 600 денари. 
* ALL-INCLUSIVE БИЛЕТ (три дена, со кампување) – 650 денари. 

Покрај тоа, сите оние кои ќе ги купат своите билети во рамки на оваа акција (до 14-ти март), стануваат и потенцијални добитници на специјално подготвените подароци од Д Фестивал кои на најсреќните четворица посетители ќе им донесат различни поволности на Фестивалот како бесплатен автобуски превоз, дојрански ручек за двајца, подароци, ваучери и други изненадувања за незаборавен Д ФЕСТИВАЛ. Оваа фаза од Ран Корморан акцијата ќе се спроведува САМО ОНЛАЈН И САМО ДО СРЕДА 14-ТИ МАРТ, а добитниците на подароците ќе бидат објавени во понеделник 19-ти март на официјалната Facebook страница и веб-страницата на Д Фестивал. Бидете брзи, бидејќи траењето на акцијата и бројот на овие влезници се строго ограничени.

Д ФЕСТИВАЛ – единствениот летен open-air фестивал кај нас, оваа осма година по ред, ќе се одржува од 6-ти до 8-ми јули во Дојран.

Придружете ни се и редовно следете ги новостите на официјалниот „Фејсбук“ настан за Д ФЕСТИВАЛ 2017, бидејќи многу скоро ќе бидат објавени и првите артисти од програмата за годинашното издание.