ПРОМЕНА ВО ПРОГРАМАТА ЗА САБОТА

  • 0
  • 13/07/2019
Bad-Copy-4-2

Поради објективни причини и непредвидливи околности, Disciplin A Kitschme за жал, мораше да го откаже настапот на Д Фестивал. Им се извинуваме на фановите, но во оваа ситуација имаме целосно разбирање за бендот и веруваме во скора прилика за концерт. Програмата вечерва нема да биде скратена бидејќи во терминот претходно најавен за Disciplin A Kitschme, на главната бина ќе настапат BAD COPY!

Држи се Која! И благодарност до Bad Copy за одзивот на нашата покана во толку краток рок!

Целосната програма за саботната вечер на главната сцена на Д Фестивал е следнава: 

21 : 45 FOLTIN 
23 : 00 BAD COPY 
00 : 15 МАХМУТ ОРХАН 
01 : 45 NOISIA