Д ФЕСТИВАЛ Е ТВОЈ ФЕСТИВАЛ! ПРИДРУЖИ НИ СЕ ВО КРЕИРАЊЕТО!

  • 5
  • 22/02/2017
fotka objava POVIK

Во духот на своите вредности, Д ФЕСТИВАЛ годинава ќе ги собере на едно место креативните сили и сè она што ја претставува позитивната творечка енергија во нашето општество, поддржувајќи ја, пред сè, младината need help write my essay. А во оваа заедничка мисија ги повикуваме сите уметници, дизајнери, креативни работници, културни здруженија и асоцијации, музичари, активисти, волонтери и добронамерници да земат активно учество во содржините на Д ФЕСТИВАЛ 2017.

Сите кои сакаат да бидат дел од тимот на Д Фестивал или имаат свој предлог, идеја, проект или веќе изработено дело, кои можат да придонесат ова уникатно фестивалско здружување да биде уште позабавно и поатрактивно за сите нас, ги повикуваме да се пријават и приклучат во креирањето на различните програмско-продукциски сегменти на фестивалот: „Активен саем“, „Арт-плоштад“, графички дизајн, музичка програма и волонтери.

Процесот на пријавување и приклучување кон овој повик е веќе во тек и отворен за сите . Сите заинтересирани можат да се пријават или да ги испратат своите предлози и идеи на info@password.mk (за: „Активен саем“, „Арт-плоштад“, графички дизајн и Волонтери) и на shurbe@password.mk  (за музичка програма).

Придружи ни се како:

КРЕАТИВЕН ДИРЕКТОР
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР
ВОЛОНТЕР
УМЕТНИК
МУЗИЧАР
ГРАЃАНСКО ЗДРУЖЕНИЕ

или предложи твоја идеја, забавна или општествено одговорна активност, концепт или желба за Д ФЕСТИВАЛ 2017.