Услови и правила за акредитирање
- Поднесувањето на барање за акредитација е отворено за сите медиуми, а право на акредитации имаат медиумските куќи кои во рамките на својот медиум имаат најмалку три објави за настанот, пред неговото одржување.
- Барањата за акредитации треба да бидат испратени најдоцна до 25 јуни 2018.
- Барањата за акредитации кои ќе бидат испратени по 25 јуни 2018 година нема да бидат земени предвид.
- За одобрувањето на испратените барања и начинот на подигнување на одобрените акредитации ќе Ве известиме преку и-мејл најдоцна до 29 јуни 2018 година.
- Максималниот број на одобрени новинарски акредитации по медиум е ограничен:
- ТВ медиумите можат да поднесат максимум 3* барања за акредитации.
- Радио станиците, интернет и печатените медиуми можат да поднесат максимум 2* барања за акредитации.
*Поголем број на барања за акредитации можно е да се поднесат со дополнителен медиа-план за покривање на фестивалот.
- Поднесувањето на барање за акредитација не подразбира автоматско одобрување на акредитацијата.
- Новинарските акредитации важат за време на траењето на фестивалот. Условите за снимање и фотографирање ги одобрува менаџментот на изведувачите, па според тоа фотографските и снимателските акредитации важат според условите кои ги одредува менаџментот на секој од изведувачите. (За овие услови ќе бидете претходно информирани, а сите информации воедно ќе бидат достапни во прес-центарот на Д ФЕСТИВАЛ)
- Секоја акредитација важи само за лицето на чие име е одобрена и не може да биде користена од страна на друго лице.
- Формуларот за барање за акредитации важи само за едно лице и се испраќа посебно за секој претставник од медиумот.
- Кон барањето за акредитации задолжително е да се приложат објавите поврзани со Д ФЕСТИВАЛ 2017 кои се објавени во медиумот за кој се испраќа барањето. Медиумските објави и најави на фестивалот (press clipping) во електронски формат можете да ги испратите и пред почетокот на рокот за акредитирање на katerina@password.mk
- Со нетрпение го очекуваме медиумскиот материјал кој ни го испраќате во врска со Д ФЕСТИВАЛ 2017. Доколку досега не сте известувале за настанот, ве молиме да ги доставите вашите планови за покривање на истиот. Однапред ви благодариме на вашиот труд и материјалот кој ќе ни го испратите.
- Без исполнување на погоре наведените услови, барањата за акредитации нема да бидат земени предвид.
- Бројот на акредитации е ограничен.
ФОРМУЛАР ЗА ПРЕС АКРЕДИТИРАЊЕ