SAMA’ ABDULHADI

MAIN STAGE

SAMA’ е амблемот на палестинската андерграунд сцена и е една од првите диџејки и продуцентки на електронска музика што се појавуваат од тој регион. Со нејзиниот стил и звук како што таа го опишува “Berlin techno, but I perceive it in a Lebanese way” за многу брзо време ја освојува публиката во Европа и пошироко. 👯

🪩Во 2018 со својот дебитантски настап на Boiler Room веќе станува препознатливо име кај меѓународните обожаватели на техно сцената. Со нејзиниот сет достигнува до 13 милиони прегледи, споделуван е од многу големи и познати ДЈ-и, а уште поимпресивно е тоа што во тој момент се пробива и надвор од својот регион.

Sama’ Abdulhadi сега важи за една од највозбудливите диџеи во светот! Таа со своите сетови ги има освоено бините на Coachella, Glastonbury, Fusion,Circoloco, Lost Village, Primavera, легендарната Dance Arena на Exit Festival. 💥

А летово… Sama’ Abdulhadi ве очекува на нејзиниот прв настап во Македонија и тоа на #ДФестивал14 ! Не пропуштајте!