Partibrejkers

Партибрејкерс се познати како едни од највлијателните артисти на екс-ју рок сцената. Бендот се формира во 1982-та, а истата година го издаваат и својот прв албум – Partibrejkersi I. Низ годините составот трпи промени, но Зоран Костич – Цане  и Небојша Антонијевич – Антон се столбот кој го држи бендот низ сите овие години. Партибрејкерс имаат оставено белег на рок сцената на нашите простори, не само поради нивната музика, туку и поради анти-воениот активизам изразен преку проектот Rimtutituki кој го формираат заедно со Екатерина Велика и Електрични Оргазам. Издаваат осум албуми, а првиот – Partibrejkers I, е прогласен за еден од 100-те најдобри Југословенски популарни албуми во книгата YU 100: najbolji albumi jugoslovenske rok i pop muzike. Чест ни е да најавиме дека еден ваков култен бенд ќе гостува на овогодинашниот Д Фестивал!