ОТВОРЕН ПОВИК :: НВО

  • 0
  • 18/01/2019
NGO-OtvorenPovik-WEB

Креативниот град на Д Фестивал „ПлоштАрт“ ги отвора портите под мотото ФИЕСТА за сите здруженија, организации и индивидуалци кои сакаат да бидат дел од дветтото издание на фестивалот.

ПлоштАрт Фиеста е повеќе од прослава на музиката и уметноста – главната идеја е да создадеме бескрајно игралиште каде забавата, музиката, креативноста и заедничкото создавање се клучна цел и каде сите заедно ќе се чувствуваме слободни да се „исклучиме“ и изразиме по своја волја.

Сепак, стремежот кон кој се извиваме е да бидеме дел од транзицијата на еколошка и општествена одговорност, најпрво во нашата земја, а потоа и сиот свет.

Затоа ги охрабруваме сите заинтересирани да се пријават со своите стремежи и вредности (работилници, дискусии, проекции, НВО катчиња, иницијативи, итн) во креирањето на уште едно ПлоштАртовско незаборавно искуство!

Ве молиме да ги пријавите своите идеи најдоцна до 17-ти февруари, 2019 на следниот ЛИНК!