Nesho (Avtorizacija) ова лето ќе настапи на Mosquito Stage на Д Фестивал

  • 0
  • 08/06/2019
nesho novosti sajt

За неговата музика се вели дека го пренесува гласот што не може да се чуе. Nesho (Avtorizacija) или човекот потпишан зад соло албумот „Балканизам“ ова лето ќе настапи на Mosquito Stage на Д Фестивал!

Подгответе се за добра музика во новата фестивалска авантура Д Фестивал 2019!

Како дел од хип-хоп групацијата „Авторизација“, Ненад Ставровски – Нешо за прв пат се здобил со студиска снимка во 2009-та година. Во меѓувреме работел на повеќе синглови како соло изведувач, но остварил и соработки со бендови и артисти од хип-хоп сцената во Македонија. Неговиот удел во првиот албум на „Авторизација“ именуван како „Убитон“ е доста голем. После 10 години, на 10 мај годинава, Нешо го издаде својот прв официјален соло албум – „Балканизам“, кој е во продукција на „Sidechain Production“ (Темелко Андреев). Албумот е збогатен со вокални соработки како што се: Валери Димовска, Кацар („Токсикологија“), Кискинов („Дивизија“), Влади Ортографија, DJ Popeye и членовите на „Авторизација“.