Call-Artists

КОНКУРС ЗА МУЗИЧКИ АРТИСТИ

МУЗИЧКАТА ПРОГРАМА на Д ФЕСТИВАЛ 2018 ќе се одвива на 4 бини. Само во рамки на музичката програма, Д ФЕСТИВАЛ повторно ќе биде домаќин на повеќе десетици изведувачи, а посебно место меѓу нив имаат претставниците од домашната музичка сцена. Воедно позиционирајќи се и како единствено место од оваа големина за промоција на квалитетната музика, Д ФЕСТИВАЛ ги отвора своите бини за сите македонски музичари и музички групи кои сакаат да го претстават својот звук пред илјадниците фестивалски фанови, без разлика дали станува збор за демо-бендови, нови имиња или веќе етаблирани претставници на музичката сцена.

Пријави се на lina@password.mk
Најдоцна до 1-ви април 2018.

*Ве замолуваме во пријавите да не праќате материјали со голема тежина.